mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Од Кичево почна кампањата „ЕУ за тебе“

Од Кичево почна кампањата „ЕУ за тебе“

Типографија

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во Кичево официјално ја почна кампањата на Делегацијата на ЕУ под мотото „ЕУ за тебе“.

Главната цел на кампањата е подигнување на свеста и информирање на јавноста за помошта на Европската унија во Македонија. Кампањата „ЕУ за тебе“ има тематски пристап и почна со истакнување на важноста на одржувањето на чиста животна средина која е една од клучните политики и секторски приоритети на ЕУ и областа во која инвестира Унијата.

  • Целокупната помош од ЕУ во областа на животната средина изнесува повеќе од 80 милиони евра во рамките на ИПА 1 (2007-2013). Планирана е натамошна поддршка во вредност од 100 милиони евра во рамките на финансиската распределба од ИПА 2 фондовите - рече Жбогар.

За Кичево, додаде тој, ЕУ обезбеди финансиски средства во износ од 5,2 милиони евра за изградба на печистителна станица и главен колектор во должина од четири километри.

  • Со помош на ЕУ и ИПА фондовите во тек е изградба на пречистителна станица за отпадни води во која спаѓа и техничката подготовка заедно со секундарната мрежа која ќе треба да се гради во регионот на Зајас - рече градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.

Проектот во вкупна вредност од 7,5 милиони евра се реализираше во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Кичево и јавните комунални претпријатија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија