Кавадарчани се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето поради зголемената потрошувачка на вода.
Таа се јавува бидејќи многумина ги оставаат чешмите да течат за да не им замрзнат водоводните цевки.
Од ЈП„Комуналец“информираа дека во текот на денот поради зголемената потрошувачка во одделни делови на градот, посебно во таканаречената висока зона, ќе нема вода или ќе има намален притисок во славините.
- Нашите екипи се на терен, се проверува дали има проблеми и во доводот и во самата мрежа. Правиме се што можеме потрошувачите до крајот на денот и утре претпладне да имаат нормално водоснабдување - соопштија од комуналното претпријатие.