mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Бремените и хронично болните ослободени од работа поради студот

Бремените и хронично болните ослободени од работа поради студот

Типографија

Состојбата во Македонија со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови се оценува за стабилна со ризици кои постојат и се помали во однос на претходните денови, но кои не смеат да се потценат.

Се намалува силата на останатите ризик фактори и се пренесува на еден ризик фактор, а тоа се ниските температури.

Ова е последната оценка на Управувачкиот комитет за справување со кризи. Според комитетот, најризични региони се осоговско-малешевскиот и полошкиот, а ниските температури ќе продолжат до вторник.

Министерството за здравство и Комисијата за превенција од студени бранови препорачаа денеска и утре да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст со цел заштита на нивното здравје. Препораките се за целата територија, меѓутоа со посебен акцент на двата ризични региони.

Работниците кои што работат на отворено треба да внимаваат работните обврски да ги извршуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS