mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Управувачки комитет за кризи: Состојбата е стабилна, студеното време можен предизвик

Управувачки комитет за кризи: Состојбата е стабилна, студеното време можен предизвик

Типографија

Состојбата во Македонија со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови е генерално стабилна со сериозни предизвици што се на видик и со се уште актуелни можности за негативен развој на настаните, особено од ниските температури кои можат да предизвикаат проблеми во снабдувањето со електрична енергија и вода, како и во сообраќајот.

Ова е посочено на седницата на Управувачкиот комитет за кризи на која портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев рече дека надлежните служби прават се  што е во нивна моќ на централно и на локално ниво за да се надминат предизвиците со кои се соочуваме.

  • Веќе е втор ден од неповолниот метеоролошки циклус. Од страна на сите служби кои се на терен, стручните лица и надлежните институции е оценето дека претходната  вечер поминала со помали проблеми од вечерашната. Тоа не треба да  не опушти, напротив и понатаму треба да останеме посветени - рече  Ѓорѓиев на прес-конференцијата, нагласувајќи дека надлежните институции и стручните служби ја оценуваат состојбата како генерално стабилна со постоење на сериозни предизвици кои треба да бидат набљудувани и со потенцијал за развој на негативно сценарио.

Нагласи дека се  уште имаат влијание негативните фактори, а тежиштето денеска и во наредните неколку денови, како што рече, од ризик фкторот снег се префрла на  ризик факторот ниски температури.

  • Од студеното време може да има одредени предизвици пред се во поглед на здравјето на населението, потоа во снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето, како и со движењето на лицата и сообраќајот - посочи Ѓорѓиев.

Тој се заблагодари на граѓаните за придржувањето кон дадените упатства за полесно справување со последиците од невремето и побара да продолжи позитивниот тренд во нивното однесување и прифаќање на препораките.  Додаде дека институциите остануваат подготвени во секој  момент да дејствуваат и на секој дел од теренот и да сторат се што е во нивна моќ за да се сведат ризиците на минимум и последиците да бидат надминати во брз временски период. Потсети дека на сила остануваат препораките и законските обврски за движење во сообраќајот и нагласи дека граѓаните кои мора да патуваат тоа да го прават во периодот од денот кога има повисоки температури.

Марија Анастасова од Службата на итната медицинска помош (ИМП) на град Скопје посочи дека во текот на вчерашниот ден имале 148 , а денеска до 15 часот 40 интервенции.

  • Имаме зголемен број на повици и интервенции во последното деноноќие, меѓутоа беа вообичаени за зимскиот период. Во периодот од 8 часот вчера до денеска до 8 часот се извршени 148 интервенции, а денеска  од 8  до 15 часот 40 интервенции од кои немаше ни една сообраќајка или фрактури како последица на пад од движење - рече Анастасова.

Тоа, како што истакна, најверојатно се должи на почитувањето на препораките од населението и дека е неработен ден. Прпеорача граѓаните повеќе да внимаваат кога ќе почнат работните денови особено во утринските часови кога одат на работа.

  • Доколку граѓаните имаат потреба да извршуваат некакви обврски, тоа да го прават во делот од денот кога температурата е највисока и да ги почитуваат препораките - потенцира Анастасова.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS