Повеќе подготвителни превентивни мерки донесе синоќа Управувачкиот комитет за кризи, кој одржа седница во просториите на Центарот за управување со кризи, во врска со најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и многу ниски временски температури на територијата на Република Македонија во наредните денови.
ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност кои ќе треба да реагираат во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија.
Централно место во функција на обезбедување на движењето на сообраќајот, на проодноста на патиштата би требало да имаат ЈП Македонија пат, единиците на локална самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.
Граѓаните и претпријатијата и транспортерите треба да бидат свесни дека може да дојде до забрана за движење на определени потези на патиштата од четврток до понеделник.
Сите општини во Република Македонија да ги формираат своите кризни штабови во рамките на кои ќе вклучат претставници од Центарот за управување со кризи, на Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, да ги мобилизираат сите свои јавни комунални претпријатија.
Населението во овој период, посебно од петок до недела, а можеби и понеделник, без потреба да не излегуваат од дома со цел заштита на здравјето од студениот бран и од грипот. Ако граѓаните мора да излезат од дома треба да бидат соодветно топло облечени и да се престојува од време на време во топли простории.
Ќе се посетат старите осамени лица, да се направи мапирање сега пред да почне студениот бран, да се види дали имаат потреба од храна, огрев, лекови и тоа да им се донесе.
Граѓаните ако имаат потреба од медицинска или каква било друга помош и ако се најдат во неповолна ситуација дека може да се јават на телефонскиот број на ЦУК, 195 или да се јават на телефонскиот број на Црвениот крст - 3139 578.
Црвениот крст на Република Македонија ставил во фунцкија неколку свои тимови кои ќе патролираат низ градот Скопје да ги пронаоѓаат бездомните лица и заедно со министерствата да прават посета на осамени лица хронично болни.
На патните правци Скопје-Охрид и Скопје-Крива Паланка тимовите на Црвен Крст ќе бидат дежурни наредните денови. Се формирани прифатни пунктови односно центри во Кичево, Гостивар, Куманово и во Крива Паланка.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS