Заврши изградбата на пешачката и велосипедска патека во должина од три километри и 700 метри покрај течението на реката Брегалница меѓу штипските населби 8 ми Ноември и Сењак.
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, вели дека штипјани, пезнионерите, рекреативците и спортистите добиваат нова патека за рекреација и спортување.
- Ова ќе биде шеталиште за штипјани, највеќе ќе добијат жителите на населбите 8 ми Ноември, Сењак и Баби, но посебно ќе ги доближиме двете населби кои граничат со оваа наеслба, а тоа е населбата Македонка, каде луѓето мораа да одат преку населбата Железничка, за да стигнат во градот, населбата Балканска исто така ќе добие многу затоа што ќе добијат пристапна пешака патека, која е побезбедна, ќе се направат и два моста. Тие веќе постојат, но ние ќе ги прилагодиме за пешаци - вели Захариев.
Тој додаде дека во текот на наредниот период оваа патека ќе добие и урбана опрема и улично осветлување, а проектот чини 200 илјади евра. Наредната година продолжува и третата фаза од оваа патека, односно изградба од населбата Сењак до приградската населба Стар Караорман.