mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Велешани ќе се справуваат со загадениот воздух

Велешани ќе се справуваат со загадениот воздух

Типографија

Општина Велес  од официјалната страница на МЖСПП  редовно ги следи податоците за степенот на квалитет на амбиенталниот воздух и веќе се преземени заштитни мерки.

Ова го истакна градоначалникот Славчо Чадиев информирајќи дека овие мерења покажуваат дека во 2016 година, заклучно со 18 декември, во 95 дена биле надминати концентрациите на ПМ 10 честичките, со што Велес по загадувањето на воздухот е на 15-тото место во државата. Тој посочи  дека според испитувањата на  терен од  стручни екипи на општината Велес  92,33 проценти од количеството на суспендирани ПМ 10 честички произлегуваат како резултат од согорувањето во домашните ложишта, а  на второ и трето место  се сообраќајот и индустријата.

Билјана Шуркова Манаскова, општинска инспекторка за заштита на животната средина, рече дека согласно овие податоци пштината предлага и препораки до граѓаните за заштита на воздухот. Се препорачува  возрасните лица, децата, бремените жени и хронично болните да не се движат на отворено во периодот помеѓу 17 и 20 часот кога има најголеми вредности на загадување, да се намали употребата на возилата, за затоплување на домаќинствата да се користат познати и одобрени енергенси како дрвото или електричната енергија, а да се избегнуваат прегорено масло, пластика и стар мебел.

Во меѓувреме, надлежните од инспекторатот извршија надзор на сите индустриски постројки кои имаат котли и се провери емисијата на загадување.

  • Како еден од начните за справување со ваквата состојба во иднина, локалната самоуправа најави дека е во фаза на изработка на „План за подобрување на амбиенталниот воздух“, кој ќе содржи конкретни мерки и препораки - вели Шуркова Манаскова.

Според неа, ова се само мал дел од податоците кои се содржани и во Катастарот за загадување на воздухот во Велес, а кој по финалното одобрување ќе биде јавно достапен на веб страницата на општината.

Како што потенцира градоначалникот Чадиев, базата на податоци и нивото на нивната обработка дава можност овој Катастар да биде динамичен стратешки документ и како таков да биде инструмент на локалната власт за одржливо управување со квалитетот на животната средина.

  • Затоа во 2017 година  согласно Програмата за заштита на животната средина на општина Велес, ќе биде изработен План за квалитетот на амбиенталниот воздух, кој ќе ги содржи природата, потеклото и потребните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот - додава Чадиев.

Според Ненад Коциќ, претседател на ЕД „Вила Зора“, оваа година Општина Велес е најчесто втора или трета општина по загаденост на воздухот  во Македонија.

Тој преку писмено барање до Општина Велес испратено и до медиумите побара општината итно да донесе мерки за намалување на загадувањето на воздухот, кој според него е најзагаден во попладневните и вечерните часови, а  со цел да се намали штетното влијание на токсичните агенси врз здравјето на луѓето.

  • Покрај белодрoбните заболувања, врз основа на извештаите од СЗО загадувањето на воздухот е причинитeл на зголемен број мозочни удари и срцеви инфаркти. Сo цел да се заштити здравјето на велешани, апелираме на брзи и ефикасни мерки од надлежните институции - побара Коциќ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS