mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Кичево, Струмица и Кукуш се претставија на саем за органска храна

Кичево, Струмица и Кукуш се претставија на саем за органска храна

Типографија

Дваесет и пет фирми од Кукуш, Грција и 15 фирми од Струмица од разни индустриски области се претставуваат на  Саемот за здрава органска храна што беше отворен во Кичево.

Саемот е дел од проектот финансиран од ИПА фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Грција. Со проектот се опфатени општините Кичево и Струмица од Македонија и Кукуш од Грција.

Координаторот на проектот Влора Бектеши истакна дека главна цел е да се создадат поволни услови за соработка, вмрежување и економски развој на прекуграничниот регион Струмица-Кичево-Кукуш-Поликастро, како и да се подобри мултиетничката интеграција помеѓу различните етникуми.

  • Со проектот се надеваме дека ќе се создадат можности за зголемена соработка помеѓу претпријатијата од овој регион. Исто така, ќе се промовираат и извозно ориентираните претпријатија од Струмица, Кичево, Кукуш и Поликастро на странските пазари. Очекуваме да се зголемат домашните и странските инвестиции во прекуграничниот регион преку креирање и промоција на бизнис можностите и инвестициските поволности на Струмица и Кичево - вели Бектеши.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS