mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Со капка-по-капка зголемени приносите на пченка

Со капка-по-капка зголемени приносите на пченка

Типографија

Откако ги препознаа бенефитите од наводнувањето со системот „капка-по-капка“, земјоделците почнаа сами да инвестираат во оваа технологија, но и со помош на државните субвенци.

Ова го истакна директорот на УСАИД во Македонија Џејмс Стаин кој заедно со швајцарската амбасадорка  Сибил Сутер Техада присуствуваше на  земјоделскиот саем „Тракторијада 2016“ во Могила.

Стаин нагласи дека во Македонија на повеќе од 300 фарми и 800 хектари со пченка и сончоглед се употребува „капка-по-капка“ поради што просечните приноси на зрно од 13 тони по хектар и на силажа од 87 тони се тројно поголеми од националниот просек.

  • Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, помогна да се модернизира производството на пченка во Македонија со комбинација од „капка-по-капка“ наводнување и добри земјоделски практики - истакна Стаин.

Според Техада, преку иницијативата „Да одлгедуваме повеќе пченка“, домашното производство е зголемено за 7.000 тони годишно, што е околу 11 отсто од потребното за целосна замена на увозната пченка во државата.

Годинашниот земјоделскиот саем „Тракторијада 2016“ беше организиран од Општина Могила и Локалната акциска група ПеЛАГонија, со финансиска поддршка на УСАИД и Владата на Швајцарија.

Паралелно со саемот се одржа и завршната манифестација посветена на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, „Да одлгедуваме повеќе пченка“, кофинансиран од Владата на Швајцарија.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS