Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје – Битола спроведува есенска дератизација за уништување глодари во општина Ресен.
Според соопштението на Центарот за јавно здравје, мамци за уништување глувци ќе бидат поставени во подземниот канализациски систем, јавната депонија и прифатниот канализациски систем на објекти од посебен јавен интерес како детски градинки, воспитно образовни институции, здравствени установи.
Активностите на терен, како што е наведено во информацијата, ќе ги вршат двајца санитарни техничари од Центарот за јавно здравје - Битола и по еден работник од локалното комунално претпријатие во Ресен.
- Активностите ќе се изведуваат во канализациските шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување - се наведува во соопштението на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.