mksqen
23
Пет, Мај
0 Нови / 7 дена

Соларна земјоделска сушилница во Кумановско

Соларна земјоделска сушилница во Кумановско

Типографија

Соларна сушилница е набавена преку проектот за модернизација на земјоделското производство во Куманово.

Проектот  го реализира Здружението за рурален развој - Локална акциска група (ЛАГ) „АБЕР 2015“, а активностите предвидуваат и обука на корисниците на сушилницата, односно на членовите на Здружението на земјоделски производители од Куманово кои се носители на проектната идеја.

Сушарата и обуката за земјоделците чинат  150.000 денари.

  • Сушилницата ќе се користи за потребите на членовите на Здружението, за подобрување и модернизирање на земјоделството во Североисточниот регион - вели претседателката на „АБЕР 2015“ со седиште во Старо Нагоричане  Елизабета Цветковска.

Проектот  е спроведен преку Асоцијацијата за иновации во руралната економија (АИРЕ), со финансиска поддршка на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, ко-финасиран од Швајцарската амбасада.

Според Цветковска, во Североисточниот регион  се планира зголемување на бројот сушари и останати компоненти за модернизација на земјоделството.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија