Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.
Слаб снег провејува во Маврово кој не се задржува на коловозот, а појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на Стража и Пресека.
Како што соопштија од ЈП Македонија пат, во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.