mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Охриѓани го исчистија патот крај Заливот на коските

Охриѓани го исчистија патот крај Заливот на коските

Типографија

Неформалната еколошка организација Чист Охрид реализираше акција за чистење на локацијата крај патот до музејот „Заливот на коските“.

Во акцијата која се организира по 17 пат собрани се осум вреќи отпад, од кои една вреќа е полна со пластични шишиња, автомобилска гума, стаклени шишиња, голем број влажни марамчиња.

  • Од тоа што можевме да го видиме на локацијата, исфрлени се и две WC-школки на кои не им треба многу за низ зеленилото да пропаднат надолу кон езерото. Поради стрмноста на теренот и непристапноста, нашите активисти вложија максимални напори за да стигнат до помалку пристапните места и да исчистат што е можно повеќе отпад. Поради таквиот терен, локацијата не може да се каже дека е целосно исчистена - информираат од организацијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS