mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Избрани фирмите кои ќе ги реконструираат трите брани на реката Пена

Избрани фирмите кои ќе ги реконструираат трите брани на реката Пена

Типографија

Познати се двете фирми кои ќе работат на реконструкција на трите брани на реката Пена, на чистење на дивите депонии во село Шипковица и на изведба на подготвителните работи за инсталација на хидролошки станици во полошкиот регион.

Ова го најави министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

  • По целосното спроведување на постапката за набавка, се потпишаа договорите со фирмите и во текот на следните дена се очекува да почнат работите на терен. Согласно договорите, работите околу чистењето на дивите депонии во село Шипковица, како и подготвителните работи за инсталација на хидролошки станици, во целост треба да бидат завршени до крајот на годината, додека рокот за комплетирање на реконструкцијата на трите брани на реката Пена е крај на март наредната година - вели Елези. 

Со тоа, како што рече, Министерството за локана самоуправа, во соработка со УНДП, ќе ја заокружи првата фаза од санирањето на причините и намалување на ризиците од поплави во Полошкиот плански регион.

Димитрија Сековски од УНДП информира дека на реката Пена во Тетово постои систем од прегради, брани кои се армирано-бетонски и решеткасти, кои го штителе и го штитат градот од поројните поплави кои со себе носат огромни наноси. 

  • За жал за време на последната поплава што беше во август 2015 година три од вкупно шесте прегради беа сериозно оштетени, што значи дека градот Тетово е изложен на ризик од поплави и од други видови штети, наноси, крупни камења - вели Сековски.  

Тој додава дека преградите што се во подобра состојба ќе ги зајакнуваат, реконструираат и ќе направат одредени градежни интервенции со цел да се стават во функција и да го заштитат Тетово до моментот кога ќе се воспостави повторно целиот систем за заштита на градот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS