mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

ЕУ: Исчистете го воздухот и заштитете ја природата

ЕУ: Исчистете го воздухот и заштитете ја природата

Типографија

Слабото спроведување на политиките за подобар квалитет на воздухот и несоодветната заштита на природните богатства се главните забелешки на Европската комисија во годинешниот извештај за напредокот на Македонија.

Во извештајот се вели дека земјата има извесно ниво на подготвеност во оваа област, но дека иако бил забележан напредок во усогласувањето на политиките и на законодавството со тоа на ЕУ, потребно е да се вложи многу повеќе труд за да се подобри квалитетот на водите, да се управува со ризиците од индустриското загадување, политиките со хемикалиите, и ангажманот околу борбата со климатските промени.

Поточно, се нагласува дека спроведувањето на законите е многу слабо, особено во врска со квалитетот на воздухот и заштитата на природата.

  • Следната година земјата требада обрне посебно внимание на подобрување на имплементацијата на националниот план за заштита на квалитетот на воздухот, како и да ги подобри процените и да осигура ефикасна заштита на државните заштитени подрачја што имаат висока природна вредност како потенцијални места во мрежата Натура 2000 - порачува Европската комисија во извештајот.

Понатаму, се порачува дека земјата треба да го ратификува и потоа да почне да го спроведува Парискиот климатски договор, и да изгради стратегија за акција против климатските промени што ќе биде во согласност со европската рамка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS