mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Работниците од Југохром утре на протест

Работниците од Југохром утре на протест

Типографија

Вработените во фабриката Југохром, која се затвори поради неисполнување на стандардите за намалување на загадувањето, за утре најавија блокада на автопатот Тетово-Скопје.

Тие се противат на одлуката со која Државниот инспекторат за животна средина ја затвори фабриката и бараат да се најде решение, бидејќи на овој начин околу 700 работници остануваат без работа. Од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија најавија дека протестот на автопатот ќе трае два часа, ако не им се исполнат барањата на вработените.

  • Секоја индустрија загадува, но тврдиме дека Југохром не е најголемиот загадувач во Полошко. Воздухот беше загаден и во зимскиот период, кога компанијата беше затворена - велат од Синдикатот.

Печките на Југохром беа угасени минатата недела, откако истече последниот рок што и беше даден на фабриката да постави филтри. Тој рок неколкупати беше продолжуван. Против загадувањето од Југохром подолго време реагираа граѓанските здруженија од Тетово, пред се Еко Герила.

Сепак, според ставовите на голем број еколози, како и според резултатите од мерењата во последнава недела, затворањето на фабриката не може значително да го подобри квалитетот на воздухот во полошкиот регион, ако заедно со тоа не се применат сосема нови пристапи во сообраќајот и во користењето на енергијата, особено за затоплување.
Тагови: Југохром, Тетово, протест, загадување

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија