mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Денеска дожд, од утре постудено со утрински температури под нула

Денеска дожд, од утре постудено со утрински температури под нула

Типографија

Пообилни врнежи денеска во попладневните часови, со услови за ретки грмежи и засилен ветер до 70 километри на час, а на повисоките планини снег, најавуваат хидрометеоролозите.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, денеска ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови, во западните и во североисточните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 на литри на метар квадратен. Во југоисточните подрачја ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 70 километри на час. 

Од недела, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нула.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component