mksqen
11
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Гевгелија во 2017 добива водовод, депонија и брана

Гевгелија во 2017 добива водовод, депонија и брана

Типографија

Неколку капитални проекти во Гевгелија најави градоначалникот Иван Франгов за следната година. За сите е обезбедено меѓународно финансирање.

  • Меѓународниот тендер за изградба на новиот водоснабдителен систем кај Вардар заврши и средствата за негова реализација во износ од 105 милиони денари се обезбедени преку Светската банка и грант од Европската инвестициска банка - рече Франгов, посочувајќи дека до 4 декември треба да заврши реконструкцијата на бунарот кој ќе обезбеди двојно поголемо количество вода за пиење.

Покрај ова, додаде тој, Агенцијата за развој на обединетите нации ќе ја финансира изградбата на времената санитарна депонија кај Гевгелија, а по добивање на одобрението за градба ќе почне и реализацијата на Конска брана за која преку меѓународен тендер е избран изведувачот.

Светската банка, информира Франгов, го одобрила и проектот за изградба на 14 нови училници во средното училиште кои ќе ги создадат неопходните услови за едносменска работа.

Сето наше внимание, нагласи Франгов, го насочуваме кон овие проекти и активности врз основа на кои ќе го проектираме и општинскиот буџет за наредната година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија