Нов каменолом ќе почне со работа од март следната година лоциран во месноста Пополачни, Кичевско.
Според најавите, тој ќе работи по сите европски стандарди.
Во тек се последните подготовки за изградба на овој капацитет, кој е целосно домашна инвестиција во вредност од два милиони евра.
Во овај производствен капацитет се очекува да се вработат околу 20 луѓе. Производството однапред има обезбеден пласман, информира сопственикот на фирмата. Инвеститор е фирмата Лоис Гамстон, во сопственост на познат кичевски бизнисмен.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS