mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Промовирана боенката Загрозени светски видови животни од климатските промени

Промовирана боенката Загрозени светски видови животни од климатските промени

Типографија

Еколошкото друштво Планетум од Струмица денеска ја промовираше едукативната боенка Загрозени светски видови животни од климатските промени.

Боенката која беше промовирана пред децата од градинката „Детска радост“ - клон 1 ќе биде дистрибуирана и во градинките и основните училишта во Струмица и во населените места Дабиле и Куклиш.

  • Бесплатен примерок ќе добијат сите деца од предшколска возраст и прво одделение. Исто така и во другите останати градинки и основните училишта ќе бидат спроведени едукативни работилници. Целта е преку боенката да се запознаат децата, но и родителите, воспитувачите и учителите со загрозените светски видови животни од климатските промени и преку игра и едукација да научат начини како да помогнат за поздрава животна средина - вели Борјана Јанакиева Заева од Планетум.

Боенката е производ на еколошкото друштво, во рамки на проектот „Локална кампања против климатски промени“, финансиран од општината Струмица.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија