mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Јавна расправа за изградба на пречистителна станица во Кочани

Јавна расправа за изградба на пречистителна станица во Кочани

Типографија

Општина Кочани реализира јавна расправа за изградба на пречистителна станица за отпадни води.

Проектот е почнат од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани и општина Кочани, со финансиска подршка од Швајцарската влада и Министерството за животна средина и просторно планирање.

  • Јавната расправа има за цел да ги информира граѓаните на Кочани за оправданоста од изградбата на еден ваков објект за заштита на животната средина и значењето за идните генерации на општината и пошироко на регионот - вели Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.

Проектот има неколку компоненти коишто се однесуваат на проширувањето на канализациониот систем на Кочани, а е вклучена и изградба на главен колектор кој ќе ги собира отпадните води од Кочани и населените места Оризари, Горни и Долни Подлог и Мојанци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија