mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Голем интерес кај хотелиерите за енергетска ефикасност

Голем интерес кај хотелиерите за енергетска ефикасност

Типографија

Голем е интересот кај македонските хотелиери за зголемување на енергетската ефикасност во угостителските и останатите туристички објекти поради што во наредните три години, со швајцарска помош, повеќе кандидати ќе поминат соодветни обуки.

Обуките, освен енергетска ефикасност, предвидуваат и други сегменти, односно креирање  лидери во секторот угостителство и туризам, а ги спроведува Швајцарската академија за хотелски менаџмент. 

  • Моментно за енергетска ефикасност во хотелиерството се обучуваат 23 учесници поделени во три групи. По теоретскиот дел, тие ќе посетуваат пракса, а на крај ќе добијат сертификати за чие издавање ние покриваме 50 отсто од трошоците -  вели министерот за економија Дритон Кучи.

Според него, енергетската ефикасност останува една од стратегиските определби на државата која мора да преземе максимални напори за подобрување на состојбата во оваа сфера. Притоа, сите критики се добредојдени.

  • Македонија има обврска да достигне заштеда на енергија во 2018 година од најмалку девет отсто од просечната потрошувачка на финалната енергија во периодот 2002 - 2006 година. Досега направените анализи покажуваат дека потрошувачката е околу 29 проценти од вкупната финална потрошувачка на енергија. Од ова, на комерцијалниот сектор отпаѓаат 13 отсто. Тоа значи дека потрошувачката на енергија во зградите каде спаѓаат и угостителските објекти и хотелските комплекси изнесува 42 отсто од  вкупната финална потрошувачка на енергија - нагласува Кучи.

Министерот вели дека измените на Законот за енергетика  ќе се донесат во 2017 година.

Во Законот за енергетика има можност за формирање Фонд за енергетска ефикасност од кој, како што информира Исмаил Лума од Министерството за економија, би се финансирале сите проекти, вклучувајќи го и хотелиерството.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија