mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Се гради нов резервоар за вода во неготинско Тимјаник

Се гради нов резервоар за вода во неготинско Тимјаник

Типографија

Изградбата на нов резервоар во селото Тимјаник, која е во тек, е еден од проектите за реконструкција на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето во општина Неготино.

Ова го истакнува градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов, кој изврши увид во градежните работи.
Тој појаснува дека резервоарот е лоциран веднаш до постоечкиот, а водата од новиот резервоар ќе биде наменета за корисниците од Неготино, кои живеат во високите зони.

  • Станува збор за резервоар со зафатнина од 500 метри кубни, кој претставува целина од два независни водни комори од по 250 метри кубни. Дистрибуцијата на водата ќе се овозможи преку одводен цевковод, а целиот комплекс околу резервоарот ќе биде ограден со столбови од челични профили. По ставањето во функција на новиот резрвоар, постоечкиот од 150 метри кубни вода ќе биде наменет само за жителите на Тимјаник, а водата од новиот ќе биде за населението од високите зони на Неготино - вели Апостолов.

Предвидено е работите на терен да бидат завршени кон средината на следниот месец и резервоарот да биде пуштен во функција.

Според градоначалникот Апостолов, ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се реши еден голем и долгогодишен проблем во општината.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS