mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Акција за собирање електричен и електронски отпад во Битола

Акција за собирање електричен и електронски отпад во Битола

Типографија

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола почна со собирање на електричен и електронски отпад на територијата на општина Битола.

Оттаму информираат дека ќе излезат во пресрет на секое барање на граѓаните. 

  • Акцијата ја организираме со цел да им помогнеме на граѓаните организирано и без проблеми да го отстранат електричниот и електронски отпад од своите домови или локации каде неправилно го чуваат, но и да им укажеме дека не треба отпадот како што се телевизори, радиа, компјутери и слично да ги оставаат на несоодветни места, односно во контејнерите за друг смет или за собирање хартија или пластика - вели Зоран Соклевски, директор на ЈП „Комуналец“ од Битола.

Тој додаде дека е најдобро електричниот или електронски отпад да се донесе во еколошкиот двор, сместен во дворот на ЈП „Комуналец“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија