mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Завршен цевководот на новиот водоснабдителен систем во Тетово

Завршен цевководот на новиот водоснабдителен систем во Тетово

Типографија

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и неговите претходници Нурхан Изаири и Абдулаќим Адеми го посетија просторот спроти селото Бозовце на Шар Планина каде се завршија последните триста метри од цевководот на новиот водоснабдителен систем за Тетово, зафат на водите на река Пена и Студена река.

Тие присутвуваа и на  пробата за функционалноста на последно поставениот вентил од овој цевковод долг осум и пол километри што беше започнат да се гради во 2014 година и за што од Владата беа наменети околу 2 милиони денари.

  • Дефинитивно ова прашање го сметаме за затворено и плус според нашите предвидувања очекуваме со крајот на годината да завршат работите и кај филтер станицата со што ќе заокружиме инвестиција поголема од четири милиони евра за градот Тетово и за водата. Сакам да подвлечам дека можеби после дваесет години дефинитивно оваа приказна требаше да се затвори, требаше напорно и интезивно да се работи и требаше коректно однесување кон јавните средства за што апсолутно успеавме ние да ја доведеме инвестицијата до крај - изјави градоначалничката Арифи.

Очекувањата се дека до крајот на годината ќе биде завршена и филтер станицата која се наоѓа на спојот од постојниот и новиот цевковод кај селото Лисец. Со градежни активности тука се започна во јуни оваа година.

  • Нормално дека целиот овој систем веќе ќе почне своја фаза на тестирање и исто така ќе се види според анализите на водата дали и какви се можностите за користење но сета оваа вода значи кај граѓаните ќе пристигне многу брзо затоа тоа што сметам дека тоа веќе се чуствува со фактот дека ние и немаме проблеми со водата во градот - рече Арифи.

Новиот водоснабдителен систем зафат на водите на реката Пена и Студена река треба да обезбеди дополнителни двесте литри вода во секунда со што се очекува конечно рестрикциите во водоснабдувањето на жителите на Тетово особено во летните и зимските месеци да станат минато.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS