Заврши програмата Форуми во заедницата во Делчево, со која граѓаните учествуваа во креирањето на општинскиот буџет за 2016 година.
Општината даде отчет за реализираните приоритети од граѓаните селектирани во претходните пет форумски сесии. Тони Стоименовски од ЛЕР од Општина Делчево истакна дека 60 проценти од приоритетните проекти предложени од граѓаните се реализирани.
- Сите проекти предложени во листа на приоритети од граѓаните се земени предвид за реализација од страна на Општината. Дел од проектите се завршени, дел се во фаза на реализација додека за дел се подготвува документација. Можам да кажам дека 60 проценти од предложените приоритети се реализирани. Граѓаните предложија инфраструктурните проекти за изградба на улици и патишта, атмосферска канализација во градот, изградба на градска капела и друго - рече Стоименовски.
Десет милиони денари се потрошени за изградба на патишта, а уште десет од донации за заштита од поплави на реката Брегалница и за реконструкција на гумената брана.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS