Бугарската министерка за животна средина и вода Ивелина Василева донела одлука за да се објават две нови заштитени зони во земјата, и тоа Ахелој-Равда-Несебар, и Река Јантра.
Одлуката била вече објавена во Државниот весник, а во неа биле наведени и координатите на граничните точки на двете зони.
Подрачјето Ахелој-Равда-Несебар се заштитува поради морските и сувоземните природни живеалишта, вклучително и дините, каде што живееле разни видови цицачи, водоземци, влекачи, риби и безрбетници. Со одлуката се регулира користењето на земјиштето во овој регион.
Во зоната Река Јантра се заштитуваат сувоземните и слатководните живеалишта, исто така на разни видови цицачи, водоземци, влекачи и безрбетници. И тука се воведуваат нови правила и ограничувања во користењето на земјиштето, како и во хидролошкиот режим.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS