mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Помор на птици во грчкото езеро Карла

Помор на птици во грчкото езеро Карла

Типографија

Сериозна загриженост владее меѓу екологистите во Грција откако деновиве е забележан помор на десетици птици, меѓу кои и од загрозени видови, на езерото Карла во Тесалија, во централниот дел на земјата.

Карла е езеро кое со години има многу низок водостој и не се пополнува.

Експертите сметаат дека можна причина за смртта на птициците е токсична бактерија што се размножува во суви услови. Грчкото орнитолошко друштво ги повика надлежните институции да преземат мерки.

Езерото Карла било пресушено во 1962 година со цел да се заштити населението од поплави и од комарци. Но тој проект довел до сериозни нарушувања на екосистемот. Во 2010 година е почнат проект да се пренасочи дел од водата во реката Пинејос кон езерото. Но тој е далеку од завршен, поради што нивото на водата останува ниско и опасно за живиот свет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан