mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Српска компанија развива автомобил на соларна енергија

Српска компанија развива автомобил на соларна енергија

Типографија

Тим од дизајнери и претприемачи во Белград работи на решенија со кои треба да се намали уделот на автомобилската индустрија во испуштањето стакленички гасови.

Саша Милованчевиќ, еден од основачите и директор на компанијата „Аквос технолоџис“, вели дека новиот соларен слој што го развиле ќе овозможи да се произведуваат тематски автомобили на соларен погон, кои истовремено ќе изгледаат добро. Се работи на тоа да се зголеми ефикасноста на соларните ќелии во сите временски услови.

Од компанијата изјавиле дека имаат поддршка од професори на Универзитетот во Белград, како и од повеќе меѓународни субјекти од автомобилската индустрија. Менаџментот планира да почне со тестирања на пат во 2020 година, и се надева дека ќе отвори производствена линија во Србија, финансирана од прекуокеанските земји. Откако ќе завршат со соларната ќелија, дизајнерите и инженериге ќе работат на моторот, на батериите и на амортизацијата, пред да изработат прототип и да влезат во нов финансиски циклус.

Милованчевиќ вели дека првите автомобили би можеле да бидат произведени до 2023 година, но тоа зависи од многу услови, вклучувајќи ги и пазарните. Тој вели дека концептот е да се развие автомобил што ќе може да користи енергија дури и во мрак, без оглед колку малку ја има.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан