Корисниците на јавниот превоз во главниот град на Србија ќе треба да чекаат барем до почетокот на учебната година за да се возат во електрични автобуси.
Градското сообраќајно претпријатие соопштило дека пуштањето на линијата Е1, со пет возила, морало да се одложи од јуни за септември, бидејќи возилата, кои веќе пристигнале во Белград, требало да поминат строги тестови за безбедноста, иако првичните резултати биле одлични.
- Горди сме на тоа што ќе бидеме први во Европа што ќе користиме автобуси со ултракапацитери. Но тоа бара од нас да бидеме многу одговорни кон нашите граѓани и корисници на јавниот превоз - изјавиле од претпријатието.
Автобусите се набавени од компанијата Хигер Бус од Кина, партнер на шведска Сканија, и чинат по 454.000 евра плус ДДВ. Гаранцијата обезбедена од производителот е две години или 200.000 километри. Автобусите ќе треба да стојат пет до осум минути на последната станица за да се наполнат. За секој случај, на располагање ќе им биде и сервисно возило со мобилен полнач.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS