Европската банка за обнова и развој бара консултантска фирма која ќе им помогне на локалните власти на Тирана да направат Акциски план за зелен град, со кој што сеопфатно ќе се пристапи кон одржлив развој на албанската метропола на краток и на среден рок.
Се очекува изработката на планот да почне пред крајот на годинава и да трае 15 месеци. Ангажираниот консултант ќе може да почне со работа веднаш по потпишувањето на договорот. Процената на трошоците за изработката е 295.000 евра.
Финансирањето е во рамките на програмата за обезбедување ресурсно ефикасни инвестиции во Западен Балкан и во Турција.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS