mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Тропски аквариум во напуштена месна заедница во Белград

Тропски аквариум во напуштена месна заедница во Белград

Типографија

Секој ден белграѓани имаат можност да видат околу 200 најразлични видови животни и организми што живеат во водите низ целата планета, како и во реките во регионот.

Зад овој проект стои група ентузијасти, кои ги приспособиле просториите на поранешната месна заедница во Дедиње. Порано местото служело за гласање на избори, а денес за изложба на риби, рептили, папагали и на други егзотични суштества.

  • Засега имаме 200 видови разни организми од сите страни на светот. Имаме риби од Амазон, од Централна Америка, одАзија, од африканските езера, од Цевено Море, Јадран, како и од Сава и од Дунав. Најголемо внимание привкелуваат моќните пирани, кинеските аруани, како и отровната шкорпија - изјавил Бранислав Јаковлевиќ, основач и проект-менаџер, за агенцијата „Бета“.

Тој додал дека планираат да набават и мали ајкули и ражи. Јаковлевиќ го основал тропикариумот заедно со своите пријатели, и вели дека главната цел им била да им овозможат на децата да видат риби и други мали животни од различни дестинации, кои можеби не би имале можност да ги видат на други места. Еден од поинтересните примероци била кинеската мекооклопна желка, на која и` треперел оклопот додека се движела. Токму децата на школска возраст биле најчести посетители. Влезот во овој тропски рај среде Белград не се наплаќа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан