Работниците на јавното претпријатие „Чистота“ од Нови Сад во јули годинава собрале 10,6 тони ѓубре и го однеле на градската депонија, што е најголемо количество собрано за еден месец од неговото основање во 1945 година, соопштиле оттаму.
Од друга страна, како што е наведено, просечно во јули биле потрошени по четири литри гориво за секој собран тон комунален отпад, што е, пак, најмало количество досега.
Сето тоа, истакнале од претпријатието, се должело на обновата и на квалитетното одржување на возниот парк.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS