Четирите земји од Балканот што се членки на Европската унија, Грција, Хрватска, Бугарија и Романија, веројатно нема да мораат да го намалуваат испуштањето стакленички гасо ви од секторите транспорт, отпад, градежништво и земјоделство барем до 2030 година, покажала анализата објавена од „Клајмат чејнџ њуз“.
Емисиите на овие штетни гасови во балканските земји биле под максималните квоти поставени од ЕУ, главно поради економската криза, но и поради мерките за намалување на загадувањето.
Во Грција овие емисии се за 14 отсто пониски од предвидената квота поради мерките за штедење што ги намалиле и производството и потрошувачката. Но се додава дека кон тоа придонеле и некои позитивни иницијативи, како проектите да се произведува чиста енергија на островите.
Хрватска има простор уште за 8 проценти да ги зголеми испуштањата на овие гасови и да не го надмине прагот. Бугарија, иако има најмала енергетска ефикасност во целата ЕУ, сепак испушта за 7 отсто помалку стакленички гасови од својата квота. Во Романија тој процент изнесува три отсто.
Сепак, во извештајот се наведува дека откако Велика Британија гласала да излезе од ЕУ, Брисел може да постави и пониски квоти за преостанатите членки.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS