Грчките морски води се меѓу најчистите во светот и се безбедни за капење, соопштила Европската агенција за животна средина по испитувањата што ги извршила во земјата. Агенцијата испитала 1.500 локации во Грција и утврдила дека на 1.499 од нив водата е со многу висок квалитет.
Од друга страна, грчкиот Национален центар за еколошки истражувања неодамна издаде свој извештај според кој водата кај некои плажи низ земјата е со несоодветен квалитет за пливање. Овој извештај бил критикуван бидејќи, како што известува „Грик репортер“, се повикувал на лабораториски резултати без да наведе кои, па според тоа неговата веродостојност била дискутабилна. Се смета дека извештајот со проблематични податоци може негативно да се одрази врз туризмот во Грција.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS