Штетите од пожарите ова лето во Грција, според проценките на властите, се д војно поголеми од лани, пишува весникот „Вима“. Пожарите ова лето досега уништија околу 15 илјади хектари шуми и насади, а во истиот период минатата година тие штети се проценуваа на осум илјади хекари опожарено земјиште.
Весникот коментира дека досега уништеното земјиште е двојно поголемо од минатата година, а причина за тоа се помалото количество на дождови, како и слабите снежни врнежи во текот на минатата зима.
Властите сметаат дека најголема штета од пожарите има претрпено островот Хиос, каде е утврдено дека изгореле површини од 5.242 хекари шуми и насади. По Хиос, се Родос, Мармари, јужниот дел на Евбеја, Дервенохорија, Централна Грција и островот Самос.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS