mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Децата од Албанија ги набљудуваат и ги заштитуваат птиците

Децата од Албанија ги набљудуваат и ги заштитуваат птиците

Типографија

Едукативниот проект „Спринг алајв“ годинава за првпат беше спроведен во Албанија, во организација на Здружението за заштита на природната средина на Албанија (ППНЕА). Како што извести оваа организација, со доаѓањето на летото, успешно завршила и оваа активност.

Станува збор за меѓународна активност што се организира со деца од основните училишта и со нивните наставници, кои се ангажираат да пронајдат пет видови птици-преселници и да пријават каде ги виделе на интернет-страницата на „Спринг-алајв“.

  • Целта на проектот е да се поттикнате децата да се поврзат со природата, и да се ангажираат во едноставни активности што помагаат да се заштитат видовите птици во местата каде што тие живеат - велат од ППНЕА.

Во „Спринг Алајв“ биле вклучени учесници од вкупно 55 земји од Европа, Азија и од Африка. Проектот бил отворен за сите граѓани, но посебна целна група биле децата и семејствата, да се охрабрат да го забележат доаѓањето на пет птици преселници.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан