Проектот за изградба на нафтовод од бугарскиот град Бургас до грчки Александрополис е суспендиран, но не е формално затворен и би можел да продолжи, изјавил Николај Токарев, претседателот на руската компанија за транспорт на нафта „Транснефт“.
Овој гасовод треба да овозможи алтернативна рута за транспорт на нафта од Русија во Јужна Европа, со што би се избегнале турските протоци Босфор и Дарданелите. Но уште од 2011 година проектот е запрен поради загриженост за неговото влијание врз животната средина.
- Нашите бугарски партнери пријатно не` изненадија. Неодамна добивме официјално известување дека тие го поддржуваат одржувањето на проектот во живо, и се против затворање на операторот што беше основан за да го спроведе. Активностите подовна беа замрзнати, но сега сите се заинтересирани, вклучувајќи ги и Бугарите - рекол Токарев.
Како што додал, проектот постои и може да биде симнат од полиците кој било ден. Планираниот нафтовод треба да има капацитет за транспорт на 35 милиони тони нафта годишно, со можност тој да се зголеми на 50 отсто.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS