Продолжуваат сеизмичките активности покрај грчкиот остров Лезбос во Егејското Море, откако вчера беше регистриран силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил почувствуван на островот. Епицентарот на земјотресот е локализиран во регионот на крајбрежјето северно од Лезбос. Во моментов нема податоци за жртви и материјални штети.
Ова е четвртиот по ред земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала во текот на последната недела, чии епицентар се наоѓа во истиот регион.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS