mksqen

Пратеници бараат тригодишна забрана за градење во паркот во Стара Загора

Пратеници бараат тригодишна забрана за градење во паркот во Стара Загора

Типографија

Бугарски пратеници од Реформаторскиот блок поднеле иницијатива во Собранието  за тригодишен мораториум за сите градежни работи на површината на паркот Бедечка во градот Стара Загора.

Меѓу иницијаторите се Димитар Танев, кој доаѓа токму од Стара Загора, како и Најден Зеленогорски, кој е претседател на Комисијата за локална самоуправа. Се бара да се преиспитаат урбанистичките планови и катастарските регистри во границите на паркот. Пратениците посочуваат дека паркот Бедечка е од исклучителен општествен интерес, а предвидените градежни работи во него предизвикуваат големо незадоволство кај заштитарите на прородата и кај граѓаните, кои бараат да се заштити екосистемот. Но во исто време народните избраници велат дека треба да се испочитуваат и правата на сопствениците на имоти во паркот.

Затоа сметаат дека со мораториумот ќе му се овозможи доволно време на градоначалникот на Стара Загора да направи промени на генералниот урбанистички план и да изработи нов детален урбанистички план за Бедечка, со кој би се исполниле интересите на сите.

Сегашниот план предвидува изградба на згради во паркот Бедечка. Ова, според пратениците, ќе влијае негативно врз квалитетот на воздухот во градот, зашто ќе го зголеми количеството на прашина. Освен тоа, тие посочуваат дека во Бедечка живеат над 50 вида растенија и над 150 вида животни, дел од кои се заштитени видови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан