mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Хрватска донесе закон за инфраструктура за алтернативни горива

Хрватска донесе закон за инфраструктура за алтернативни горива

Типографија

Хрватскиот парламент донесе закон за воспоставување инфраструктура за користење алтернативни горива. Овој закон е во согласност со директивите на Европската унија.

Главната цел на законот е да се намали употребата на нафтата и зависноста од неа до минимум, со што ќе се намалат и негативните ефекти од транспортот врз животната средина. Според директивата, треба да се постават пунктови за полнење и напојување на возила што работат на електрична енергија и на биогориво, како и на природен гас и на хидрогенско гориво. Законот ги регулира минималните стандарди за изградба на инфраструктурата, како и основните технички спецификации за неа. Со него се предвидува и да се информираат граѓаните за спроведувањето на мерките.

Електричните возила заземаат само 0,2 отсто од пазарот на нови автомобили во Хрватска. Тоа се очекува дас е промени со поставувањето нови станици за полнење до 2020 година, и тоа барем по една на секои 50 километри.

Европската унија ја издаде оваа директива во 2014 година за да го намали загадувањето од возилата со мотори на внатрешно согорување. Според неа, земјите-членки треба да воспостават свои стандарди за употребата на алтернативни горива, вклучувајќи и воведување унифицирани полначи за електрични возила, до крајот на 2016 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан