Откриените наоѓалишта на природен гас може да ги поттикнат страните во кипарскиот спор побрзо да постигнат решение, вели претседателот на Кипар Никос Анастасијадес.
Според него можноста да се искористи дел од горивото што се наоѓа под морското дно за да се покријат голем дел од енергетските потреби на Турција и да ја претвори земјата во регионална енергетска сила, би го убедила турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ги направи потребните отстапки за островот повторно да се обедини.
Неодамна компаниите Ексон Мобил, Тотал и ЕНИ добија дозволи да истражуваат наоѓалишта на гас во ексклузивната економска зона на Кипар, и тоа, според претседателот Анастасијадес, ја зајакнува преговарачката моќ на неговата земја.