Хидроелектраните на Дрина очекуваат за оваа година да го надминат планот за производство на електрична енергија.
Компанијата очекува 2016 година да биде меѓу првите пет години на производство на електрична енергија.
Во текот на 27 години на работење, хидроцентралата има произведени 24.966 гигават-часови електрична енергија. Оваа година има за 20 отсто повеќе од планираното производство.
Сепак ХЕЦ на реката Дрина се соочува со финансиски проблеми со оглед на цената на електричната енергија за домашниот пазар што е пет пати помала од онаа за извоз.
- Износот на произведената електрична енергија за извоз се намалува, па ќе работиме со загуба од 1,8 милиони евра на годишно ниво. Најголемиот проблем со кој се соочуваме е високото ниво на ненаплатени побарувања од Електростопанство на Република Српска. Но без оглед на тоа компанијата и понатаму останува најсигурен и најважен производител и снабдувач на електрична енергија во Република Српска - вели директор на компанијата Миле Лакиќ.