Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија вели дека се повеќе штркови презимуваат во земјата.
Тие апелираат до граѓаните ако ги забележат овие птици веднаш да им пријават на орнитолозите.
- Со доаѓањето на првите студени денови птиците преселници ги напуштаат нашите краеви, но поради промена на климата и поради некои причини што им се познати само на нив сведоци сме на нивно се почесто останување и презимување во Србија - се наведува во соопштението од Друштвото.
Оттаму додаваат дека се повеќе бели штркови се научиле да презимуваат во истото опкружување.
- Овие паметни птици знаат да уловат и глушец во поле, но и храна да најдат во домовите - вели координаторот на пописот на бели штркови во Србија, Сандра Јовановиќ.
Таа апелира до граѓаните кои ќе забележат бели штркови да пријават на орнитолози, но да не ги вознемируваат птиците.