Од кафез во загрепската Зоолошка градина избегала млада волчиц, но за среќа била фатена за кратко време и инцидентот поминал без последици.
Вработените во градината побарале од посетителите да се засолнат во затворени кругови. Но потрагата не траела долго. Непослушната волчица вратена е во кафезот, а посетителите се смириле и продолжиле со разгледување на Зоолошката градина.
- Ние набавивме млада двојка волци, и тоа не и беше познато на јавноста. Уште кога беа старите волци, кои угинаа лани, ја зајакнавме оградата и ја направивме повисока. Младата волчица ја споивме со младиот волк. Но женката, на се уште неутврден начин, избега - раскажува директорот на Зоолошката градина, Дамир Скок.
За помалку од пет минути тренерите и зоолозите го изолирале животното на локација каде можеле сигурно да ја успијат и да ја транспортираат до живеалиштето. Никој од посетителите не бил загрозен, а многу е важно дека ни животното не било повредено, нагласува Скок.
- Успиена е со пушка, не е повредена и со неа е се во ред - додава тој.
Скок нагласи дека надлежните од Зоолошката градина ќе го проверат живеалиштето за да утврдат што точно се случило и како волчицата избегала. Младата женка дојде од чешкиот Плзен, а мажјакот од Берлин, Германија.