mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Волчица слободно се прошетала низ зоолошката во Загреб

Волчица слободно се прошетала низ зоолошката во Загреб

Типографија

Од кафез во загрепската Зоолошка градина избегала млада волчиц, но за среќа била фатена за кратко време и инцидентот поминал без последици.

Вработените во градината побарале од посетителите да се засолнат во затворени кругови. Но потрагата не траела долго. Непослушната волчица вратена е во кафезот, а посетителите се смириле и продолжиле со разгледување на Зоолошката градина.

  • Ние набавивме млада двојка волци, и тоа не и беше познато на јавноста. Уште кога беа старите волци,  кои угинаа лани, ја зајакнавме оградата и ја направивме повисока. Младата волчица ја споивме со младиот волк. Но женката, на се уште неутврден начин, избега - раскажува директорот на Зоолошката градина, Дамир Скок.

За помалку од пет минути тренерите и зоолозите го изолирале животното на локација каде можеле сигурно да ја успијат и да ја транспортираат до живеалиштето. Никој од посетителите не бил загрозен, а многу е важно дека ни животното не било повредено, нагласува Скок.

  • Успиена е со пушка, не е повредена и со неа е се во ред - додава тој.

Скок нагласи дека надлежните од Зоолошката градина ќе го проверат живеалиштето за да утврдат што точно се случило и како волчицата избегала. Младата женка дојде од чешкиот Плзен, а мажјакот од Берлин, Германија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан