mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

До 2019 година ќе се изгради „Турски поток“

До 2019 година ќе се изгради „Турски поток“

Типографија

Изградбата на гасоводот „Турски поток“ треба да заврши до декември 2019 година.

Ова го најави претседателот на Управниот одбор на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер.

Милер нагласува дека со договорот се предвидува да бидат изградени две линии на гасоводот од Русија преку дното на Црното Море, до Турција.

Според Милер, изградбата на гасоводот би требало да заврши до декември 2019 година.

Најавата за изградба на „Турски поток“ дојде откако пропадна проектот „Јужен Поток“, преку кој природен гас од Русија преку дното на Црното Море, требаше да се пренесува до Бугарија. Откако, овој план пропадна во 2014 година под притисок на ЕУ, „Газпром“, кој е носител на проектот за изградба на гасовод кон јужна Европа кој би ја заобиколувал Украина, ја промовираше идејата за „Турски поток“.

Предвидено е морската траса од гасоводот по дното на Црното Море да биде долга 910 километри, а копнениот дел да изнесува 180 километри, Изградбата на „Турски поток“ се проценува да чини 11,4 милијарди евра. Договрот предвидува и гасот што Русија ќе и го доставува на Турција да биде по пониска цена од пазарната.

Со планот се предвидува и изградба на втора етапа од гасоводот, која од Турција би продолжувала кон Грција и потоа кон балканските земји и јужна Италија.

Но изградбата на втората етапа од гасоводот ќе зависи од условите на европскиот пазар за природен гас.

„Турски поток“, ќе и овозможи на Турција да стане гасен дистрибутивен центар на Балканот.

Турските власти најавуваат дека до крајот на оваа и во текот на 2017 година, Турција ќе преземе значајни чекори во енергетската сфера.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан