mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

За една година Ужице ќе добие квалитетна вода

За една година Ужице ќе добие квалитетна вода

Типографија

Жителите на градот Ужице ќе добијат квалитетна вода за пиење.

Тоа е резултат на почетокот на градежните работи за реконструкција и доградување на фабриката за вода. За првата фаза од градежните работи српската Влада има одвоено повеќе од три милиони евра, а за втората фаза неопходни се уште 1,8 милиони евра.

Жителите на Ужице уште по реализацијата на првата фаза најверојатно ќе можат да ја користат водата од акумулацијата Врутци, која поради појава на алги не е во употреба од декември 2013 година и поради тоа во градот на сила е вонредна состојба.

Поради проблеми со водоснабдувањето Ужичани со вода за пиење се снабдуваат од алтернативниот водовод Сушичките извори.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан