Турција се претвора во центар кој обединува повеќе меѓународни енергетски правци, смета турскиот премиер Бинали Јилдирим.
- Турција станува центар каде се среќаваат енергетски патишта и се обезбедува енергетската безбедност на Европа. Со Азербејџан ги реализираме проектите Баку-Тбилиси-Чејхан, Шахдениз, ТАНАП, со Русија „Син поток", и сега ја почнуваме реализацијата на проектот „Турски поток " - вели тој.
Според зборовите на Јилдирим, иако Турција е транзитна земја за пренос на енергија, тоа не ја намалува нејзината улога во регионот.
- Позицијата на земјата во енергетскиот коридор нејзината придонесува за нејзината стратешка важност - истакна турскиот премиер.