Посебни мапи ќе ги илустрираат екосистемите во урбаните средини и нивните можности да обезбедат различни услуги - материјали, храна, енергија, култура.
Тие се утврдуваат врз основа на извршени испитувања и собрани податоци за проект објавен од прес-центарот на Министерството за животна средина и води на Бугарија.
Основната цел на мапите е да се користат при планирање и уредување на урбаните простори, со фокус на зелената инфраструктура.
Картите ќе бидат поставени на интернет. Посебен софтвер ќе дава информации за избраните пилот-региони, општините Марица, Варна, Макреш и Карлово.
Ќе бидат опфатени сите екосистеми во земјата, надвор од заштитените зони од мрежата НАТУРА 2000. Тоа се населени места, индустриски зони, патна инфраструктура, урбани зелени зони, депонии итн.
Проектот се очекува да заврши во февруари 2017 година.